Студентски парламент на Стоматолошки Факултет

СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА СТОМАТОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ е невладина, непрофитабилна студентска организација чија главна цел е да ги застапува и брани правата на сите студенти запишани на додипломски студии на стоматолошкиот факултет при универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје, како и да се залага за унапредувањето на квалитетот на студиите. 

СПСФ меѓу другото има за задача да ги сплотува студентите на овој факултет преку организирање на разни активности и манифестации од типот на: студентскиот стоматолошки конгрес, иницијација за одржување на разни предавања од стручната област како и од останатите сфери на науката кои имаат директно влијание врз крајниот исход на студентот како целина, соработки со останати студентски парламенти и организации, посети на културни манифестации, спортски активности и забави.